Обилните врнежи што го зафатија западниот дел на земјата предизвикаа свлечиште во тетовското село Шипковица на падините на Шар Планина, при што четири куќи се директно загрозени, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Преку бројот за итни повици 112 е пријавено настанатото свлечиште, кое претставува непосредна опасност за жителите на селото.
Активиран е Кризниот штаб на Општина Тетово, а на терен се присутни лица од ЦУК, СВР Тетово и Градежниот инспекторат од општината.
Директорот на ЦУК, Мухамед Али, истакна:
„Во моментот се преземаат мерки и се дадени насоки на месното население да го напуштат живеалиштето поради опасност од појавување на нови свлечишта.“
