На 11.04.2022 во 22.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локалниот пат во с.Добрашинци, струмичко, патничко возило „фолксваген голф“, со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Д.(19) од с.Ангелци, струмичко, излетало надвор од коловозот.
-Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците В.Н.(20) и С.Н.(19), двајцата од с.Градошорци, струмичко, а со телесни повреди се здобиле М.С.(19) од с.Ангелци и возачот А.Д., констатирани во Општата болница во Струмица, информира МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Струмица.