Четирицикл удри во пешаци од Прилеп, двајца тешко повредени и уште двајца со полесни повреди

Во тешка сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи на регионалниот пат Меџитлија – Старавина, четирицикл удри во пешаци од Прилеп. Двајца од нив се здобија со тешки повреди, а уште две лица со полесни, сите пренесени во Клиничката болница во Битола каде им беше укажана лекарска помош.

Според информациите од СВР Битола, несреќата се случила околу 16:25 часот, кога четирицикл со битолски регистарски ознаки, управуван од 36-годишниот Н.Ј. од општина Новаци, удрил во пешаците Х.С. (25) и В.Т. (36), двајцата жители на Прилеп. Силниот удар им нанел тешки повреди, а возачот и сопатникот на четирициклот, С.Р. (32) од Австралија, се здобиле со полесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Битола, а причините за трагичниот инцидент сè уште се истражуваат