Четиригодишно девојче од Берово било пренесено во Итната медицинска помош откако во својот дом испило дел од капсула за перење алишта. За случајот е известен јавен обвинител, а надлежните институции преземаат мерки за негово целосно расчистување.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека на 1 август 2026 година, во 20:30 часот, во ОВР Берово од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив било донесено четиригодишно девојче од Берово, кое во семејниот дом испило дел од капсула за перење алишта.

За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Берово, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.