Пожар избувна утрово во угостителски објект сместен во трговскиот центар Лептокарија во скопската населба Карпош. На местото веднаш интервенирале противпожарни екипи, кои започнале со гаснење на огнот.
Според сведоштва на граѓани, пламените јазици за кратко време се прошириле во објектот, по што следувала експресна интервенција на пожарникарите.
Жителите од околните згради велат дека пожарот брзо се развил, а густ чад ги прекрил зградите долж булеварот „Партизански одреди“.
