Изложбата „Траги и сеќавања“ ќе биде поставена во Галерија Кунихан во Бранзвик.
-Изложбата опфаќа различни уметнички позиции кои поставуваат тешки прашања за различните видливи траги од минатото и за невидливите лични и колективни сеќавања. Додека трагите обично се сметаат за визуелни остатоци и последици од одредени минати дејства или предмети во сегашноста, сеќавањата воспоставуваат когнитивни односи помеѓу минатото и сегашноста. Преносот на споделените спомени меѓу генерациите ни помага да ги утврдиме значењата на одредени настани од минатото, дури и ако не сме ги доживеале, се вели во најавата на изложбата.
Поканетите уметници се осврнуваат на различни повеќеслојни спомени кои постојано се превреднуваат, бидејќи нишките меѓу материјалните и мнемониските траги се испреплетуваат и постепено се заматуваат од мовта на преостанатите фрагменти.
Изложените дела ги разгледуваат начините на кои се испреплетуваат сеќавањата на личните и историските настани и ги преисптуваат начините на кои личните наративи ги инкорпорираат остатоците од општествено-политичките турбуленции и долготрајните општествени промени. Изложбата се разви во контекстот на современите критички дискусии околу неколку актуелни теми како што се личните и колективните мемории, природното и културното наследство, историските и општествените промени, културните идентитети и разлики, и сл. Авторите ќе ги презентират дела изведени во различни медиуми: графики, фотографии, објектни и видео инсталации, како и партиципативни проекти.