Во галеријата „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“-Скопје вечер ќе биде отворена групна изложба по повод Денот на пролетта и Деновите на екологијата насловена „Во дијалог со природата“.

Помеѓу учесниците на оваа традиционална годишна изложба се академик проф. д-р Фехим Хусковиќ, Мирсада Балиќ од Сарево (Босна и Херцеговина) Мира Спировска, м-р Валентина Илијевска, м-р Билјана Билбилоска, м-р Марија Светиева, м-р Наталија Пулејкова Радеска, Лара Ташковска, Љубе Алексовски, проф. Александара Таневски, м-р Славица Танеска, м-р Жанета Радевска Спировска, Виктор Бранѓолица, Ивона Велковска, Виолета Николова Виле, Марија Роглева, Анет Вртеска, проф. Ддр Билјана Петановска Илиевска, Андријана Андреева/ Ани Соро, Сузана Арсова, Јорданка Мирковска, Ј.Ивановска, Гордана Винчиќ, Маја Андонова Јокиќ, студенти од класата на проф. Нашата Милованчев од УКИМ Факултет за архитектура.

-Оваа традиционална изложба е во рамките на мултимедијалниот проект од ангажиран карактер со цел да го дадеме својот креативен придонес во афирмацијата на оваа проблематика од круцијално значење за спас на нашата планета Земја и запазување на бројните видови од нејзиниот биодиверзитет со дела кои се во разнородни техники, но со акцент на рециклирањето, велат од Ј У Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје.