На 12.01.2023 во 21.30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на ул.„Шишка“ во Кавадарци, патничко возило „опел вектра“ со неготински регистарски ознаки, управувано од А.А.(25) од село Марена, излетало од патот.
-Во несреќата, со телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците А.А.(27) и А.Ш.(36) од село Марена, додека сопатникот С.А.(46) од истото село се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци, информира МВР.
По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.