Во останатите три основни училишта во Струмица засега нема слични реакции.
Наставата во четвртоодделение во другите основни училишта се одвива без проблеми, но родителите велат дека се организираат и ги фотокопираат наставните материјали. Цената за фотокопирање се движи од 800 денари во црно –бело до 1.600 за фотокопии во боја.
Директорот на ова училиште вели дека учениците сепак ќе имаат и учебници. Според неговото тврдење, учебници за четврто одделение се очекува да пристигнат во наредниот период.