Учениците заинтересирани околу тоа какви надлежности има Општината и како функционира локалната самоуправа, го прашуваа градоначалникот како се решаваат конкретни проблеми како што се бездомните кучиња, игралиштата за деца, хигиената и парковите.
Не постои подобар начин да се научи како функционира локалната самоуправа и која е нејзината важност преку непосредна средба и изворно од првиот човек на Општината.