-Во овој критичен осетлив и сензитивен период за државата, министерството за здравство се обидува во Собранието по скратена постапка на законот со прикачување на европско знаменце да ја ограничат можноста за широка дебата, за амандмански да се реагира по измените и дополнувањата по измените во законот за Итната медицинска помош, истакна Чибишев.
Тој посочи дека тоа го прават во три сегменти и тоа со законот за Итната медицинска помош, законот за трансплатација и законот за канабис.
Чибишев смета дека во овој момент овие три сегменти не треба да се отвора дискусија по нив, туку да се почека некое помирно време кога ќе може да се продискутира што е најдобро за државата и за осигурениците.
-Очигледно е дека некој намерно сака да го спушти на најниско ниво јавното здравство за да може во определен политички или општествен момент, таа јавна здравствена институција на некој начин да се најде некоја форма за нејзина приватизација, заклучи Чибишев.