Членовите на Надзорниот и Управниот Одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје, реагираа на денешните напади врз нив и претседателот на УО.
Соопштението ви го пренесуваме во целост:
Реакција на соопштението на Драган Илиевски, в.д. директор на ЈП Водовод и канализација-Скопје
Ние членовите на Надзорниот и Управниот Одбор, на ЈП Водовод и канализација-Скопје, едногласно ги носиме сите одлуки и даваме поддршка на Претседателот на УО на Водовод, Идриз Орана, кој денес беше нападнат како физички, така и преку штурото соопштение на директорот Драган Илиевски, кој се осмели да го вмеша и неговото потесното семејство, со бесрамни лаги напади.
Тоа говори за нивото на кое се сведуваат градоначалничката Арсова, која е наредбодавец на овие срамни настани и понизниот извршител, директорот Драган Илиевски.
Ние нема да одстапиме во нашето делување, кое е во насока на подобро работење на претпријатието, а во полза на граѓаните на Град Скопје.