Идентитетот на лицето кое ја платило таа сума не е соопштено. Наддавањето заврши седум минути по почетокот на аукцијата, што се одржа по телефон.
Ракетата „Шепард“ ќе биде лансирана на 20 јули во Тексас.
Тоа ќе биде пресвртница во напорите на американските компании да започнат нова ера на приватни комерцијални патувања во вселената.
Основачот на „Сино потекло“ и директор на Амазон, Џеф Безос, најбогатиот човек на светот и долгогодишен вљубеник во вселената, се натпреварува со милијардерите Ричард Бренсон и Илон Маск, за прво да патуваат во вселената.
– Да ја гледате Земјата од вселената ќе ве промени. Ќе ви ја промени перцепцијата за оваа планета и човештвото, рече Безос во видео порака пред аукцијата, додавајќи дека на патувањето ќе го придружува неговиот брат Марк.
Парите собрани од аукцијата се наменети за добротворни цели, но „Сино потекло” се надева дека ќе им даде поттик на плановите за развој на видот на туризам што се проценува дека може да донесе 3 милијарди долари годишно до 2030 година.