Во Турција се случи ново чудо откако 12-годишно момче беше спасено во Антакија дури 260 часа по катастрофалниот земјотрес, кој однесе над 41.000 животи во Турција и Сирија. Осман Халеби поминал под урнатините речиси 11 дена.

Седумаесетгодишната Алејна Олмез, пак, е извлечена од урнатините на зграда во Караманмараш по 248 часа. Алејна преживеала повредена и на смрзнувачки температури повеќе од десет дена, но чудесни приказни како оваа стануваат исклучително ретки.

„Изгледаше дека е во добра состојба. Ги отвораше и затвораше очите. Работевме на оваа зграда цела недела и среќни сме кога ќе пронајдеме нешто живо, макар и мачка“, изјави Али Акдоган, рудар кој учествувал во спасувањето.

Пред два дена, во Караманмараш, во чија близина беше епицентарот на земјотресот, беа спасени мајка и нејзините две деца.