Во Малишево уапсени се две лица, набљудувач и член на изборната комисија поради купување на гласови. На приведените одреден им е притвор од 48 часа.

Во 19 часот беа затворени гласачките места.

На изборите учествуваа 32 политички партии, 33 граѓански иницијативи, една предизборна коалиција и 23 независни кандидати.

За градоначалници на 38 општини се натпреваруваа 166 кандидати, а за општински советници во Косово се кандидираа 5.198 лица.