Заев и Ципрас, како што соопшти владината прес-служба, изразија задоволство што Договорот од Преспа е силно признаен, препознаен и поддржан од сите чинители во регионот, Европа и пошироко и што на него се гледа како пример за решавање спорови меѓу други држави.

Денес придобивките од Договорот ги препознаваат и политичките чинители кои од различни причини пред три години имаа сомнежи и неверувања, беше нагласено на средбата.

Лидерот на Сириза и поранешен премиер на Грција, Ципрас ја потенцираше силната поддршка за  Македонија за почеток на преговорите за членство со Европската Унија и порача дека ќе го вложи целиот сопствен капацитет и капацитетот на неговата партија да ја поддржи Македонија во остварувањето на оваа стратешка цел.

ЕУ треба да испорача кон земјите како  Македонија кои покажаа сериозни резултати на европскиот пат и со тоа да се оневозможат нови политички засилувања на националистичките и деструктивните политички чинители на Западен Балкан и во Европа, заклучија Заев и Ципрас