Претседателот Пендаровски оцени дека посетата е добра можност за размена на мислења за прашања на техничко и на политичко ниво врзани со преговарачкиот процес, како и за отворање на перспективи за идна соработка на тој план.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски, тој го поздравил напредокот на Албанија во клучните области за ЕУ-интеграцијата.

Претседателот Пендаровски изрази уверување дека почетокот на преговорите за членство на Македонија и на Албанија позитивно ќе се одрази на стабилноста и просперитетот на целиот регион и изрази очекување дека примената на новата методологија за водење преговори ќе донесе олеснување на процесот на водење на пристапните преговори.