Credit Suisse ги прекина активностите на берзата по експлозијата во семејната канцеларија на Бил Хванг, што ја чинеше банката милијарди долари. Нејзиниот план е средствата во износ од три милијарди долари да ги насочи кон одредени банки.
Швајцарскиот заемодавач, ја поедноставува структурата со тоа што ја дели на четири постојани единици и една во која е групиран бизнисот поврзан со управувањето со капиталот, пишува Bloomberg. Антонио Хорта Осарио, претседателот на одборот на директори на банката, последните шест месеци ги помина во ревизија на целокупниот бизнис на Групацијата по катастрофалната загуба од милијарди долари, што ја доведе банката во криза и предизвика промена на раководството.
Credit Suiss сега цели кон поврат на материјалниот капитал од повеќе од десет проценти до 2024 година. Исто така, банката планира да распредели 25 отсто од добивката во 2022 година, по суспензијата на откупот на акциите на почетокот на оваа година.
Во третиот квартал единствено што може да укаже оваа банка е напредокот на неколку работни места кои планира да ги постави како приоритет. Приходите од консултантски услуги се тројно зголемени во споредба со 2020 година, бидејќи Credit Suisse го искористи неверојатниот раст на активноста на M&A, што додаде речиси пет милијарди во својот буџет во Азија.
Промените што ги воведе Хорта Осарио се првиот обид за ревитализација на бизнисот на оваа банка. Откако ја презеде улогата на претседател во одборот на директори, неговата работа е насочена кон реконструкција на одделението на Дирекцијата за ризици. Како што изјави Хорта Осарио, тоа е суштината на неговите постапки, што треба да укаже на важноста на одговорноста и компетентноста. Новата стратегија треба да доведе до стабилен раст, помали ризици и долгорочна вредност за сите клучни инвеститори.