Во Украина во последните 24 часа се регистрирани најмногу починати од ковид-19 во еден ден од почетокот на пандемијата – 793, соопшти Министерството за здравство.

Здравствениот систем во земјата е под голем притисок поради наглото влошување на епидемиолошката состојба.

Во последните 24 часа се регистрирани 25 063 новозаболени лица.

Иако во земјата се одобрени четири вакцини против коронавирус, само 17,9 отсто од 41 милион жители се вакцинирани, најмалку во Европа по Ерменија.