Ова е четврт ден по ред каде Индија регистрира повеќе од 3.000 мртви, додека вториот бран продолжува оставајќи зад себе црни реорди.
Досега во Индија од Ковид-19 починаа 215.542 луѓе.
Индија стана прва земја во светот која надмина 400.000 дневни случаи дневно во саботата.
Составите на здравствената заштита се преоптоварени, а најголем проблем е недостатокот на медицински кислород.
Дури 34 пациенти починаа во болница во Њу Делхи, а им беше потребен кислород кој го немаше.
Уште 31 со симптоми слични на Ковид-19 со потешкотии во дишењето починаа во болница во државата Утар Прадеш.
Во неделата одржан е состанок на кој се разгледани мерките преземени за сузбивање на невидениот пораст на заразата.
Индија во саботата го отвори новиот круг вакцинација проширувајќи го планот да се вакцинираат сите постари од 18 години, но вакцинирани се само 86.000.
Само во неколку држави се вакцинираше, затоа што нема доволно дози вакцини.
Во Индија, каде здравствениот систем е парализиран, стигнува меѓународна помош од САД, Германија и други земји .