Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје – 421, Гостивар – 192, Тетово – 133, Куманово – 80, Струмица – 67, Кичево – 62, Струга – 53, Охрид – 38, Прилеп – 25, Битола – 23, Дебар – 19, Кавадарци – 15, Велес – 13, Штип – 12, Свети Николе – 11, Радовиш и Валандово – по 10, Кочани и Берово – по 9, Гевгелија и Ресен – по 8, Кратово – 6, Крива Паланка, Крушево и Македонска Каменица – по 4, Делчево, Виница и Македонски Брод – по 3, Неготино и Демир Хисар – по 2, Богданци – 1.

Пријавени се 22 починати лица, од кои најмладиот имал 38 години, додека најстариот е на 85. годишна возраст. Од пријавените починати, 21 лице се починати во болнички услови, едно лице е починато во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 167.991, бројката на оздравени пациенти е 151.957, на починати е 5.654, а бројот на активни случаи изнесува 10.380.

Најмногу активни случаи има во Скопје – 3421 активен случај, потоа Куманово – 656, Прилеп – 141, Тетово – 1.754, Битола – 187, Велес – 107, Гостивар – 1.518, Кавадарци – 102, Охрид – 284, Штип – 109, Струмица – 481, Струга – 308, Кочани – 88, Кичево – 524, Гевгелија – 40, Неготино – 9, Свети Николе – 52, Ресен – 83, Крива Паланка – 10, Радовиш – 61, Берово – 52, Делчево – 22, Дебар – 173, Виница – 33,Пробиштип – 13, Валандово – 35, Богданци – 12, Крушево – 6, Демир Хисар – 8, Демир Капија – 3, Кратово – 34, Македонски Брод – 37, Пехчево – 10, Македонска Каменица – 5 и Дојран – два активни случаи.

Според статистиката, од минатата сабота до денеска починаа вкупно 122 лица.