– ББ – кредитниот рејтинг во полето на високоризични земји го одвраќа секој инвеститор или комерцијална банка која ќе сака да и позајми пари на државата или да го стори тоа, но по енормно високи камати. Оваа оценка на Стандард и Пурс кажува дека сите кредити во иднина ќе бидат со потенцијално повисоки камати. Стандард и Пурс само потврдува она за кое со години алармираме, дека Заев ја движи Македонија кон инсолвентност. За прв пат долгот е над 7 милијарди евра и за само 4 години е зголемен скоро двојно, посочуваат од партијата.