Таа забрана е во склоп на новите епидемиолошки мерки кои стапуваат на сила од понеделник, а предвидува забрана за свадби, работа на ноќните клубови, и ограничено работење на угостителските објекти до полноќ.
Во Будва требаше да настапи Џибони, во Котор Здравко Чолиќ, а во Бар Дино Мерлин.
Во Црна Гора за приуство во внатрешноста на угостителските објекти, на претстави или спортски настани се бара ковид-потврда.
Се размислува од 1 декември да се воведе ковид-пропусница и за вработените во јавната управа, здравството, образованието, полицијата и војската.
Досега во Црна Гора вакцинирани се 55 отсто од населението. Вирусот од почетокот на пандемијата е потврден кај повеќе од 150 илјади жители, а починаа 2.200.