– Како што беше најавено, 40 пратеници од опозицијата поднесоа во собраниска процедура предлог за гласање недоверба на 42-та црногорска Влада. Очекуваме поддршка од убедливото мнозинство пратеници, напиша пратеникот и претседател на Социјалдемократската партија (СДП) Рашко Коњевиќ. на Твитер.
Како што јави Бета, во Црна Гора се шпекулира за можноста за формирање малцинска влада составена од УРА на Дритан Абазовиќ која во парламентот би била поддржана од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ.
Црногорскиот претседател и лидер на ДПС, Мило Ѓукановиќ, рече дека има две решенија за актуелната политичка ситуација – избори или политичка влада – и ги отфрли шпекулациите дека условот за формирање малцинска влада е да се повлече од лидерската позиција на партијата и оти тоа од него го барала меѓународната заедница.