Демократскиот фронт во саботата одлучи да бара враќање на мандатот на Владата и распишување нови парламентарни избори.

Иако опозициските партии тврдеа дека ќе имаат доволен број пратеници, дури и повеќе од потребното за да и изгласаат недоверба на Владата на Кривокапиќ, во меѓувреме се шпекулираше во медиумите во Црна Гора дека опозициските партии предводени од ДПС и СДП, Мило Ѓукановиќ и Рашко Коњевиќ, ќе ја повлечат иницијативата, што не е официјално потврдено.

Дел од црногорските медиуми пишуваат дека одлуката за повлекување на иницијативата ДПС и СДП ќе ја соопштат пред самата седница закажана за попладне.

Иницијативата за гласање недоверба на Владата ја потпишаа 40 пратеници, а за нејзино изгласување потребни се најмалку 41 глас.

Наводното повлекување на опозициската иницијатива доаѓа откако Демократскиот фронт во саботата одлучи да побара скратување на мандатот на Собранието.

Партиите од парламентарното мнозинство во Собранието имаат 41 пратеник, а опозицијата 40.