Седницата ја свика претседателот на Собранието Никола Минчев по барање на пратениците.

Вонредната собраниска седница и избрзаната процедура за избор на новата влада се одржаа откако бугарскиот претседател Румен Радев му го врачи мандатот на кандидатот за премиер од „Продолжуваме со промените“, Кирил Петков, а тој веднаш ја врати папката со имињата на идните министри.

„Продолжуваме со промените”, „Бугарската социјалистичка партија”, „Има таков народ” и „Демократска Бугарија“ има повеќе од потребните 121 глас во 240-чениот парламент на Бугарија.

Нивните пратеници се 134, што е над потребното мнозинство за да може да се избере новиот владин кабинет на Бугарија.

Ова ќе биде 21 влада од 1990 година, а владата на премиерот Кирил Петков ја сочинуваат 21 министер, меѓу кои и пет вицепремиери.