Цртежот е 7×7 см. голем, а стар повеќе од 500 години. Може да ја надмине претходната рекордна продажба што се случи 2001 година, кога цртеж на Да Винчи насловен „Коњ и јавач“ беше продаден за повеќе од 11 милиони долари.

Цртежот е нацртан со употреба на техниката сребрен молив на розово-светло хартија. Потекнува од раните 1480-ти. Според аукциската куќа „Кристи’с“, којашто е задолжена за продажбата, овој е еден од уште само неколкуте цртежи на италијанскиот мајстор на Ренесансата, коишто сè уште се во приватна сопственост.