На новинарско прашање дали како пример ќе ги вакцинираат своите деца тој одговори: Да, се разбира.

– Тоа е единствен начин за да стигнеме до соодветен процент на колективен имунитет. Има некои земји кои го воведуваат тоа вакцинирање како задолжително, односно нема да ги примаат децата во училиштата ако не се вакцинирани. Тоа е некаде политика во западноевропски земји. Кај нас нема да биде задолжителна вакцината и ќе се користи вакцината на „Фајзер“. Директно ви одговарам, јас тоа ќе го направам, рече Филипче чиј син има над 12 години.