Делокругот на работа на Центарот за психосоцијална поддршка на Црвениот крст ќе биде спроведување одржливи активности за градење граѓански и национални капацитети за обезбедување прва психолошка помош и психосоцијална поддршка за различни целни групи.

Покрај тоа, ќе биде претставен моделот за пружање прва психолошка помош и психосоцијална помош и поддршка.

Како што е најавено, на отворањето ќе присуствуваат министерот за здравство Венко Филипче, министерката за образование и наука Мила Царовска, заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин, генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити, сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска…