Црвениот крст ќе биде првиот контакт за граѓаните кои стигаат од Авганистан, брифираат од Владата.

-Праќаме порака на топло добредојде, солидарност, и поддршка која спасува живот. Сите граѓани ќе добијат основен пакет поддршка, вода, маска, средство за дезинфекција, велат од Владата.

Нагласуваат дека МВР ќе ги спорведе сите безбедносни проверки, а Министерството за здравство ќе обезбеди ПЦР тест и можност за вакцина.

-Кажуваме добредојде на граѓани кои се спасуваат од налетот на радикализмот, кажуваме добредојде на народ кој 20 години ги бранеше мирот и демкоратијата во Авганиста, порачуваат од Владата.

Според информациите од Владата вечерва се очекува да пристигнат 149 граѓани на Авганистан, вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација Отворено владино партнерство (Open Government Partnership – OGP) каде што Северна Македонија е официјално членка, како и вработени и соработници на Transparency International, Wold Economic Forum и други меѓународни организации.