Денеска точно на пладне во центарот на Скопје почна Маршот на црвените чадори со кој и годинава се одбележува 17-ти декември – Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници. Маршот тргна од платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“ кон плоштадот „Филип II“.
Сексуалните работнички велат дека денеска достоинствено ќе маршираат низ Скопје, заедно со голем број сојузници, активисти и поддржувачи.
Првиот Марш на црвените чадори беше одржан во Скопје на 17-ти декември 2008 година, во организација на здружението ХОПС и тогаш неформалната група СТАР-СТАР.