Изминатото деноноќие изгаснати се 11 пожари на отворено во државава. Пожарникарите истовремено гаснеле и други пожари во населените места, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

Од Регионалниот ЦУК Скопје информирале за три пријавени и изгаснати пожари на отворено, од РЦУК Штип за шест, а од РЦУК Велес и РЦУК Куманово за по еден пријавен и изгаснат пожар на отворено.

Од ЦУК апелираат да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

Центарот за управување со кризи соопшти дека во последното деноноќие имало вкупно 1 691 повик на бројот 112, од коишто „реални“ повици биле 44,41 отсто, а 55,59 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 57,98 отсто, кон итната медицинска помош 33,19 проценти, а кон пожарникарите 7,98 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.