Како резултат на врнежи од дожд што го зафати подрчјето на Општина Виница на ден 23.06.2022 година пријавени се следните штети: откорнати кровни лимени конструкции на зграда и на зградата на општина Виница, имало скршени и откорнати дрва кои го отежнувале сообраќајот, имало паднати тополи врз објект на Саманто (оранжерии) и имало скинати кабли на ЕВН поради кои општината на ден 23.06.2022 година останала без напојување со електрична енергија.
На ден 23.06.2022 година, населените места Серменин, Ново Конско и Моин, Општина Гевгелија во попладневните часови беа зафатени од невреме проследено со град. Иако краткотрајно, поради силината, градот предизвикал сериозни штети врз земјоделските посеви. Поради тоа Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Гевгелија ќе врши процена на сите пријави од граѓаните за штети од невремето на подрачјето на Општината.
Во Општина Демир Капија на ден 23.06.2022 година во попладневните часови подрачјето на Демир Капија, беше зафатено со врнежи до дожд проследено со силен ветар и град. Како резултат од невремето кое траело 10 минути предизвикало штети во градот Демир Капија. Околните населени места не биле зафатени со невреме и град.
Од Македонија пат известуваат дека од невремето имало паднати дрва и одрони и наноси од земја на стариот регионален пат од село Прждево кон Демир Капија, на кој и денес се работи на негово расчистување но нема прекини во сообраќајот.
Како резултат на силен ветер на ден 23.06.2022 година во с.Петралица, Општина Ранковце, дошло до паѓање на дрво кои направило штета (кршење на керамиди) од куќа. Дополнително се очекува Комисијата за процена на штети да излезе на терен за да ја утврди направената штета.
Во моментот дефекти на електродистрибутивнаа мрежа има во селата: Липково, Глажња, Лукаре и Гошинце.
Како резултат на дождот кој бил со посилен интензитет на ул.171 во село Речица дошло до поплавување на одредени места по улиците. Каналот кој служел за одвод е затрупан во должина од 20м. Но ситуацијата да не биде полоша помогнало чистењето на шахтите за атмосферска вода кои биле исчистени предходно од страна на Општината. Во моментов нема опасност за поголеми поплави бидејќи интензитетот на дождот е прекинат. Но сеуште состојбата е критична и се следи.
Поради вчерашните и претходните врнежи од дожд критична е состојбата кај мостот Шипковица- Бродец.