Проф. д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, со објава на социјалната мрежа Фејсбук, ги предупреди здравствените работници, а и целата јавност, за она што следи во врска со состојбата со коронавирусот во нашата држава.
– По пеколната недела со високи температури во Македонија, која ќе трае до 9 август со температури до 44°С, од 10 август се очекува пад на температурите, но неконтролиран раст на ковид-19 статистиката.
Почитувани мои здравствени работници и соработници, искористете ги следниве 10 дена да се разладите во солена/слатка/кисела вода, а потоа повторно „ќе пливаме“ во сопствената пот, под скафандерите и маските.
Ако е за утеха, потењето е најдобар дополнителен начин за детоксикација на организмот, пишува д-р Беќаровски.