– Господине Премиер,

Ве молам покажете повеќе почит за нашите херои во народно-ослободителната војна и прекинете со понижувањето на нашите предци.

Прилеп е град херој токму затоа што нашите партизани, заедно со кумановските, први го запалија факелот на слободата во борбата против бугарскиот фашистички окупатор. Нашите дедовци беа храбри родољуби и антифашисти, а ние сме горди на нивната саможртва и подвиг.

На 11ти Октомври повелете во Прилеп да се поклониме пред споменикот Могила на непобедените, за сами да се уверите колку народот си ја почитува и цени својата историја и прилепските херои кои загинаа за Македонија.

Со почит,

Д-р Борче Јовчески, кандидат за градоначалник на Прилеп, пишува Јовчески.