Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, изјавите на премиерот Зоран Заев за пописот на дијаспората ги оценува како ставови на владетелите од минатиот век. Според Села, законот е јасен и тој наведувал дека дијаспората е дел од вкупното население во земјата. Според него, погрешните толкувања дали дијаспората се вклучува во вкупното население или не, биле очекувани.

„Потребно е да ја знаеме вистинската бројка. Законот е јасен. Вкупен број на население се нарекува збирот меѓу резидентното и нерезидентното население и реално е така. Ако зборуваме за права, Уставот и државното регулирање зависат од гласачите и секој што е граѓанин е у

чесник во претставничката демократија и го регулира политичкиот систем во една земја. Затоа, вкупниот број на население е бројот на резидентни и нерезидентни жители. Така вели законот“, рече Зијадин Села, Претседател на Алијанса за Албанците.