Сепак, Даниловски додаде дека тоа веројатно нема да биде пред есен, бидејќи тогаш ќе почнат дружбите во затворено, но не верувам дека ќе се случи силен бран поради веќе стекнатиот природен имунитет, надополнет и со вакциналниот.
– Ќе имаме повторно зголемен број случаи и ќе заболуваат невакцинираните, претежно младите, антиваксерите и сл. Секако вирус ќе фатат и дел од вакцинираните, особено оние кои примиле само една доза. За да се намали ризикот за брз продор преку границите, добро би било да се воведат бариери. Пример ПЦР тестови за влез во земјата, особено при крајот на летото кога ќе почнат луѓето да се враќаат од одмори. Втора линија на одбрана би требало да биде ригорозна обработка на секој еден случај и да им влезат во трагата на сите контакти на секој еден случај и тие да се изолираат. Секој нов случај да се типизира и да се изолира, вели Д-р Данаиловски.
Тој потенцира дека доколку се интензивира темпото на вакцинација, веројатно имаме шанса да дојдеме до колективен имунитет од околу 80 – 85 проценти, зошто тоа е прагот на колективен имунитет при кој што епидемиско ширење кај овој вирус би било невозможно.