Тој смета дека оние што ја прележале болеста имаат мала шанса да се заразат.
-ЕФЕКТИВНОСТА НА ПРЕЛЕЖАНОСТА КОН НОВА ИНФЕКЦИЈА (РЕ-ИНФЕКЦИЈА) Е НЕКАДЕ МЕЃУ 80-95% ЗАВИСНО ОД СТАРОСНАТА ГРАНИЦА. ПОЗИТИВНИОТ АСПЕКТ Е ШТО ОВАА ЕФЕКТИВНОСТ НЕ СЕ НАМАЛУВА ДИЈАМЕТРАЛНО ДУРИ И ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 6 МЕСЕЦИ; ИМА СТУДИИ КАДЕ ШТО ПОСЛЕ 9-10 МЕСЕЦИ ОСТАНУВА ТАКВА. ПРЕЛЕЖАНИТЕ СО БАРЕМ ЕДНА ДОЗА НА МРНК ВАКЦИНА ИМААТ 2-3 ПАТИ ПОДОБРИ ИСХОДИ ОД НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ПРЕЛЕЖАНИ. ПОКРАЈ ТОА НИВНИОТ ИМУН ОДГОВОР СОЗРЕВА (БАРЕМ 4-12 МЕСЕЦИ) И МОЖЕ ДА НЕУТРАЛИЗИРА И ИДНИ СОЕВИ НА ВИРУСОТ КОИШТО МОМЕНТАЛНО НЕ ПОСТОЈАТ, ВЕЛИ Д-Р КУНГУЛОВСКИ.
За непрележаните и невакцинираните Кунгуловски вели :
-ИМААТ НАЈГОЛЕМ РИЗИК ЗА СЕРИОЗЕН ТЕК НА БОЛЕСТА И СМРТ И ТРЕБА ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ. ПОСЕБНО ТИЕ ВО ПОВИСОКИТЕ СТАРОСНИ ГРУПИ. ТИЕ СЕ ЛУЃЕТО КОИШТО ГИ ПОЛНАТ И ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ДА ГИ ПОЛНАТ БОЛНИЦИТЕ, СЕ ДОДЕКА НЕ СТЕКНАТ НЕКАКОВ ИМУН ОДГОВОР.. ПОЛНИТЕ БОЛНИЦИ ИМААТ ДВА ГЛАВНИ ЕФЕКТИ: ПОМАЛКУ СООДВЕТНА НЕГА НА БОЛНИТЕ ОД КОВИД И НАМАЛЕНА МЕДИЦИНСКА НЕГА НА БОЛНИТЕ СО ДРУГИ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ.