Д-р Лазар Ѓуров е основач и претседател на СИМБИОТИКА. Преку него го помага развојот на луѓето и организациите во насока да ги искористат своите неограничени потенцијали и да функционираат успешно и среќно. Тој побара одговорност за синоќешниот пожар во Ковид болницата во Тетово.

Морална одговорност има таму каде има морал и чувство и свест за одговорност.
Ако си се нафатил да бидеш лидер превземаш одговорност за се што се случува во организацијата која си се нафатил да ја водиш.
Капетанот на бродот не седи со одговорниот за нагледување на моторот, но ако бродот потоне поради неисправност на моторот капетанот прв заминува поради командна и морална одговорност.
Зошто?
Бидејќи бил на чело.
Требало да креира систем и луѓе од доверба кои нема да дозволат фушерај и ќе се грижат за секој детал.
Лидерот секогаш одговара прв.
Секако ако има одговорност а не е само таму ради привилегии.
Се друго е кукавичлук и алчност за привилегии без превземање на одговорност.