Од среда најавите се дека мерките против коронавирусот уште повеќе ќе се олабават. Врз основа на епидемиолошката слика за која Комисијата за заразни болести смета дека е подобрена, се предлага да се намали полицискиот час, кој би требало да започне од полноќ, но и да се продолжи работното време на угостителските објекти.

-Сега имаме топло време, отвореност на просториите и шетањето на луѓето на отворено и не е сигурно дека новите мерки ќе дадат лоши резултати. Сепак апелирам на внимателност, бидејќи сме на добар пат во моментов и имаме шанси да постигнеме нешто убаво и многу вредно, односно големо намалување на распространетоста на вирусот и победа над кризата, вели Петличковски