– За Штип и за источна Македонија ќе беше одличен ковид-центар и ќе можеше колегите коишто се стручни да помогнат таму, да направат протоколи, за да навистина се намали смртноста во тој дел бидејќи во Штип имаше огромна бројка на новозаразени во секојдневните извештаи и сите тие потешко болни мораа да се носат или на инфективната клиника или во ГОБ 8 Септември, рече д-р Зафировски.

Во однос на скопскиот Клинички центар тој потсети дека 2016 се’ почна.

– Веќе беше одбрана и фирмата и знам дека почнавме со едно започнување да се гради самиот тој Клинички центар во самиот кампус „Мајка Тереза“ но по промената на власта тоа се стопира. Се платија и камати и ден денес немаме Клинички центар, посочи д-р Зафировски.

Тој праша, после сето ова колку млади доктори ќе останат во Македонија.

– Имаме фрапантна бројка, секојдневно млади доктори си заминуваат, бидејќи не гледаат иднина во овој наш здравствен систем. Имаше најава дека до завршување на мандатот секој специјалист ќе има 100 илјади денари плата. Каде се тие 100 илјади денари, праша д-р Зафировски.