Реџепи кажа дека се откажал поради тоа што некои дипломат му кажале дека земјата има шанса да добие датум за преговори во декември.

Николоски, пак, вели дека не треба да се прави народот глупав, и дека е јасно што се случувало со Реџепи на денот кога требаше да се гласа недоверба на владата.

-Ако продолжат со оние методи, сигурно дека Реџепи ќе го даде гласот за владечкото мнозинство. Секогаш се трудам да бидам директен. Народот е поинтелигентен. Да не го правиме народот глупав, јасно знае што се случи со Кастриот. Прво го снема и ги исклучи телефоните, па да напише статус на Фејсбук. Потоа син му заедно со лидерот на БЕСА Биљал Касами го пријавуваат во полиција. Се јавува со едно видео со бел ѕид позади, каде што чита еден целосно уплашен човек. Очигледно е дека понудата која ја добил е според онаа латиноамериканската „сребро или олово“. Затоа што нема ниту едно образложение зошто не дојде во Собранието, и зошто изгледаше така како што изгледаше, рече Николоски во ТВ21.