Беше нанесена една голема неправда затоа што на чисто добиена ситуација во Желино, државната изборна комисија прогласи поништување на тие избори. Во тој момент пратениците на политичката партија БЕСА иницираа да разговараме за гласање на доверба на Влада, посочи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Александар Николоски, во вечерашното гостување на ТВ 21 во емисијата ,,Клик Плус,,.

Кога се иницираше целата работа за собирање потписи за гласање на доверба на Влада, идејата на пратениците од политичката партија БЕСА беше последни да се потпишат на списокот, а Кастриот Реџепи инсистираше да биде 61-от. Толку многу тој зборуваше против Владата на Зоран Заев и против него лично, што инсистираше токму тој да биде 61-от потпишан на списокот, и токму на списокот можеме да видиме дека токму тој е 61-от потпишан, посочи Николоски.

Тој додаде дека Кастриот Реџепи збор не кажал против иницијативата за гласање доверба на Влада, ниту пред него, ниту пред било кои други пратеници кои што се потпишани, и да молчи и дента на гласањето да не се појави јасно говори дека немал добра волја и не е направено ова во добра намера.

Јасна беше во тој момент волјата на сите 61 пратеник потпишани на списокот за гласање на доверба на Влада, дека таа мора да падне. Овие потписи се еден јасен израз на сите 61 пратеник и претставуваат историја, заклучи Николоски.