Министерството прецизираше дека патувањата во Шпанија и Португалија и каде било во Европа се слободна волја на граѓаните и дека власта дава само пријателски совети.

Шпанскиот министер за здравство предупреди дека младите можат да развијат тешки облици на коронавирусот и побара соработка во спречување на стапката на инфекција, која е двојно зголемена кај младата невакцинирана популација.

Само неколку недели по нивното отворање, ноќните клубови во источниот дел на Шпанија нема да работат повторно од петок со цел да се запре ширењето на делта сојот.