Оваа варијанта има дури три мутации на „спајк“ протеинот (кој го врзува вирусот со клетката домаќин), а досегашните податоци покажуваат дека оваа комбинација го намалува дејството на постојните вакцини за дури 70 проценти, велат истражувачите од Универзитет во Вашингтон и лабораторија за биотехнологија Вир во Сан Франциско.

Според „Њујорк пост“, мутациите во овој вид ги неутрализираат антителата кои ги произведуваат вакцини како „Фајзер“ и „Модерна“ и со тоа не штитат од инфекции, објавено е во списанието „Сајанс“ на 1 јули.

Овие мутации исто така може да ги „заобиколат“ природно создадени антитела кај луѓе кои имале корона, заклучува истражувањето.

Ефективноста на моментално постојните вакцини може да се намали на само 50 до 70 проценти, против овој вид, кој за првпат беше идентификуван во мај 2020 година.

За време на истражувањето, научниците открија дека еден од „спајк“ протеините ослабува 14 од 34 неутрализирачки антитела, пишува sciencedaily.com.

Генерално, дури 97 проценти од сите случаи на вирус Епсилон (откриени се вкупно околу 50 000) се во САД, од кои повеќе од половина се во Калифорнија.

Во меѓувреме, сојот Делта, првпат откриен во Индија, во средата стана најдоминантниот вид на корона во светот.