Инфектологот Драган Даниловски предложи неколку препораки за тоа како треба граѓаните и владите понатаму да се однесуваат кон пандемијата од ковид-19 која повторно ја покажува својата сила.
-Треба да се заштити најранливата категорија – тоа се овие лица над 75 години кои 10.000 пати се изложени на поголем ризик лошо да поминат отколку деца од 15 години. Се друго треба да се пушти да го прележи вирусот или оние кои сакаат да се вакцинираат – да се вакцинираат, рече д-р Даниловски во гостувањето во емисија на ТВ Телма.