Македонските безбедносните служби од еден центар ќе обработуваат податоци за вознемирувачките дојави кои стигнуваат до јавните објекти и ќе носат одлуки како да запрат заканите. Оперативците на Бирото за јавна безбедност ќе го водат тимот кој треба да ги лови хакерите кои веќе три месеци со дојави по електорнски пат ги вознемируваат граѓаните.
Професорот по безбедност Злате Димовски за Сител вели дека здружувањето на безбедносните служби може да ја прекине мрежата на дојавувачите, но државата мора да побара помош од партнерските безбедносни служби
Димовски вели дека Македонија треба да го следи примерот на Хрватска која до пред извесно време беше на мета на вакви заканувачки пораки, но со меѓународна помош беше прекинат каналот на сајбер нападите.
Главни задачи на оперативниот тим ќе бидат стручната процена и препораки, изработка на минимум стандарди и опрема за градење отпорност на секоја институција и зајакнување на комуникацијата со јавноста на дневно ниво.
Македонските институции тврдат дека заканите се дел од хибридна војна која не била реална закана. Иако дојавите стигнуваат до места каде фреквенцијата на луѓе е многу голема, МВР увервува дека сме безбедни. Сепак американската и германската амбасада во Скоппје го вклучија безбедносниот аларам и ги повикаа своите граѓани да бидат внимателни доколку одлучат да допатуваат во Македонија. Безбедносните насоки велат дека особено за време на претстојните празници да се избегнуваат места каде има голема маса на луѓе.
Во прилог поглденете го прилогот на Сител за оваа тема