Пишува Љупчо Златев

Денеска разговарав со дваесетина адвокати, седум-осум обвинители и тројца судии.

Никој од нив не чул дека и покрај законската можност до 21 година, на полнолетно лице да му се изрече мерка да оди во поправен дом наместо во затвор.

Сите велат дека постои законска можност, но никогаш не сретнале таков случај!!! Дел дури денеска слушнаа дека воопшто имало таква можност.

Можно е Васил Јованов да е првиот полнолетник во македонската историја кој добил ваква преседан-пресуда.

Во исто време, во пресудата на Васил Јованов очигледно е дека тој никогаш не признал вина, па сите си го поставуваат прашањето: Зошто милост за некој кој не се ни чувствува виновен што има толку паковки дрога???

Дополнување: Вработен во судска полиција кој пресуствувал на преку 2000 рочишта, исто така ми соопшти дека не видел ваква пресуда.