Претседателот на Европската фудбалска асоцијација, Александар Чеферин не очекува откажување на натпреварот Реал – Челзи.
– Веројатноста Реал Мадрид да биде исфрлен од тековната Лига на шампиони поради создавањето на Суперлигата е мала. Во спротивно, ќе мора да им ги надоместиме загубите на телевизиите. Така натпреварот да не се одржи следната недела се мали. Но, во иднина, сè ќе биде малку поинаку, рече Чеферин.
Реал Мадрид ќе игра со Челзи во полуфиналето во Лигата на шампионите. Натпреварите се закажани за 27 април и 5 мај.