Белосветскиот криминалец Заев да не бега од одговори за тоа дали бугарската декларација ќе биде во преговарачка рамка за ЕУ?, прашаа од ВМРО ДПМНЕ.
Заев да каже за што разговара со Бугарија и што е на ред за продажба на неговата агенда? Дали ја прифатил бугарската декларација која значи поништување на македонскиот идентитет, култура и идентитет? Дали Заев со прифаќањето на бугарската декларација за рамка во преговорите со ЕУ прифатил дека македонскиот народ е создаден 1944 година, а со тоа дека настанал од бугарскиот и дека и јазикот и идентитетот се поствоена креација? Дали Заев со профаќањето на декларацијата на бугарскиот парламент прифатил и дека Гоце Делчев е бугарин, но и неговитр современици од тој период на македонската историја?, прашаа од опозициската партија.
Заев да излезе и да каже дали го прифаќа клучното барање во таа декларација според која во документите на ЕУ да не фигурира „македонскиот јазик“, односно ако веќе мора, да се користи терминот „официјален јазик на Република Северна Македонија“. Доколку, како што се наведува, „постои апсолутна неопходност да се користи терминот ’македонски јазик’ во документи и ставови на ЕУ, со ѕвездичка во фусноста да се појаснува дека е тоа „согласно Уставот на Република С. Македонија“.
Заев да не бега од одговори. Народ мора да знае што преговара Заев во негово име. 4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!, велат од партијата.